ТЕЈЛОР СВИФТ Е МУЗИЧКА ЅВЕЗДА СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО 2019

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Поп ѕвездата Тејлор Свифт e музички уметник со најголема заработка во светот за 2019, благодарение на нејзиниот албум „Љубовник“, објави музичката групација ИФПИ.

Ова е втор пат за 30-годишната пејачка да се најде на првото место по заработка. Првиот пат беше во 2014 со нејзиниот деби албум „1989“.

„Љубовник“ е нејзин седми албум. Зад неа на листата се најдоа ирскиот кантаватор Ед Ширан, раперот Пост Малоун и тинејџерската ѕевзда Били Ајлиш, која неодамна  триумфираше на Греми наградите.