ТИЕСТО ПО 12 ГОДИНИ ПОВТОРНО ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните светски диџеи Тиесто се враќа во Македонија по повеќе од десет години. Педесет и тригодишниот холандски диџеј и продуцент ќе настапи на стадионот на АРМ во Скопје на 16 јуни, објави „Авалон продукција“.

Тоа ќе биде негов трет настап во Скопје, но прв по 12 години пауза.

Во текот на речиси тридецениска кариера, Тиесто со бројни хитови придонесе за популаризација на електронската музика и е еден од најплатените и најнаградувани диџеи на светот. Неговата дискографија брои шест студиски албуми, од кои последниот излезе пред две години. Во периодот од 2002 до 2012, постојано беше меѓу тројцата најдобри светски диџеи според рангирањето на британскиот „Диџеј магазин“. Во 2015 освои и Греми награда.