ТОДОРОСКИ И ВРШКОВА СО КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Реномираните македонски музичари виолинистот Климент Тодороски и пијанистката Марија Вршкова вечерва (8 август) ќе имаат концерт на Охридско лето, од 21 часот во  „Св. Софија“. Ќе се изведат дела од Григ, Римски-Корсаков и Фролов.

Тодороски е роден во 1984 во Охрид. Музичкото образование го започнал во Охрид и Битола, а го продолжил на Националниот музички конзерваториум во Тулуз, Франција, во класата на професор Благоја Димчевски. Дипломирал на ФМУ во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Добитник е на повеќе државни и интернационални награди. Работи како концерт-мајстор во Националната опера и балет од 2009 година.

Вршкова е родена во Битола, таму ги завршила основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оцена cum laude во класата на проф. Тодор Светиев, каде ги завршила и магистерските студии по пијано. Работи како доцент на ФМУ во Скопје.