ТОНИО САН ПО 20 ГОДИНИ ГО РЕИЗДАВА СВОЈОТ ДЕБИТАНТСКИ АЛБУМ „ЦВЕТОТ НА СВЕТОТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните домашни рапери Тонио Сан повторно ќе го издаде неговиот дебитантски албум „Цветот на светот“, кој првично излезе пред 20 години. Промоцијата ќе се одржи на 21 декември во музичката продавница „Рестарт“ во Градски трговски центар во Скопје и ќе трае од 16 до 19 часот.

Албумот ќе биде објавен на цеде и ќе содржи бонус песна, која била снимена пред 20 години, но не се нашла на оригиналното издание.

„Овој декември е јубилеј од албумот со кој почна приказната за Тонио Сан, снимен на мои 16-17, издаден на мои 18 години во декември 2004. Сите со години ме прашувате каде може да се набави албумот во физичка форма, па еве го, колекционерско издание со многу лимитиран тираж“, најави Тонио Сан, музичкото алтер его на Антонио Аранѓеловиќ.