ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО ЗНАКОТ НА ТЕМИ ОД ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМОВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Традиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје оваа година ќе биде посветен на музиката од италијанските филмови. Насловен „Животот е убав“, тој ќе се одржи на 15 јуни од 21 часот, а изведбата ќе биде проследена со видеопроекции.

На програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од „Кум“, „Љубовна тема“ од „Ромео и Јулија“, музиката од филмови како „Јулија и духовите“, „Анонимен венецијанец“, „Кучешки свет” и „Животот е убав“ и компилација на теми на Енио Мориконе.

Диригент е Миријан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранот Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон (Италија) и хорот „ПроАрс“.