„ТРАВИЈАТА“ СО САЊА КЕРКЕЗ И БЛАГОЈ НАЦОСКИ НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Травијата“, моќната и динамична опера на Џузепе Верди, ќе се изведе вечерва (20 часот) на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет (НОБ).

Либретото е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима. Диригент е Филип Павишиќ од Хрватска, а режијата е на Верена Штојбер од Германија.

Главната улога на Виолета Валери ќе ја пее Сања Керкез од Србија, Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, додека во улогата на Жорж Жермон е Отар Накашидзе од Грузија.

Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со операта „Аида“.