КОНЦЕРТИ СО ПРЕРАБОТКИ НА ХИТОВИТЕ ОД „НИРВАНА“, „ГАНС ЕН РОУСИС“ И „АББА“ ВО СКОПЈЕ ДО КРАЈ НА ФЕВРУАРИ И МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Три концерти со преработки на хитови од три легендарни групи ќе се одржат во Скопје во февруари и во март.

На 22 февруари од 20.30 часот, во скопскиот клуб „Минус 1“ ќе се одржи концерт на трибјут бендот од Италија „Мариголд бокс“. Бендот ги свири песните на „Нирвана“, а во најавата која ја објави „Андерфест“ се вели:

„Бендот е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл,Нирвана. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн“. Билетите се продаваат преку мрежата на mktickets.mk

На 15 март, во Филхармонијата ќе се пеат хитовите на „Ганс ен роусис“ од 20 часот. Концерт ќе одржи бендот „The Ultimate GN’R Experience“ од Србија (фото), објави „МГ мјузик“ продукција.

„Оваа група неодамна ја заврши турнејата во Бразил, имаа настапи во Индија, Тунис, Швајцарија, Франција и многу други земји“ , велат од продукцијата. Билетите се продаваат на drugastrana.mk.

Хитовите на „АББА“ ќе се пеат во Националната опера и балет исто така на 15 март од 20 часот, на концертот на трибјут бендот „АББА ринг“ од Србија. Организатор е продукција „Прагма“. Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.mk.