Наградата за најдобар млад џез музичар, што ја доделува Скопскиот џез фестивал, за првпат ја доби една група.
Во пресрет на 41. издание на СЏФ беше објавено дека наградата ќе му припадне на скопското трио „Зулу 3.4“, во кое членуваат Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).
„Ова е нивна година. Својот уникатен, оригинален звук, присутен на три студиски албуми, успешно го изнесоа на бројни концертни подиуми дома, но и во странство, освојувајќи искрени симпатии кај музичките новинари и публиката“, соопшти СЏФ.
„Зулу 3.4“ ќе настапи на Скопскиот џез фестивал утре, во рамките на првата вечер.