Концертот на Филхармонијата „Камерна приказна“ закажан за вечерва во 20 часот ќе се одржи онлајн, согласно новите препораки на Комисијата за заразни болести поради ситуацијата со ковид-19. Концертот ќе може да се проследи преку Јутјуб каналот на Филхармонијата. Оттаму велат дека на оние кои веќе купиле билети ќе им бидат рефундирани средствата.
Филхармонија ги одложи наредните два концерта кои требаше да се реализираат на 15 и 22 април.
Вечерва како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Камерен концерт за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович.