Оскаровецот Вил Смит ѝ се враќа на својата прва љубов – музика. Актерот кој прво се прослави како рапер објави дека ќе издаде нов албум.
„Официјално е! Мојот нов албум ‘Based On A True Story‘ излегува на 28 март“, објави Смит на социјалните мрежи.
Неговиот последен албум излезе во март 2005.
На новиот албум ќе има и гости, од кои неизбежен е Диџеј Џези Џеф, со кого Смит, тогаш под името Фреш Принс, сними пет албуми во периодот од 1987 до 1993. Смит во тоа време веќе беше популарен и како актер благодарение на серијата „Принцот од Бел Ер“, а првиот соло албум го објави во 1997.
(Фото: Гети)