На Фестивалот Охридско лето за вечерва (19 август) од 21 часот во црквата „Св. Софија“ е најавен концерт „Вечер на ЕУ“ со виолончелистката Ками Тома од Белгија и пијанистот Жулиен Брокал од Франција.
Тома во следната сезона ќе настапува со Националниот оркестар во САД и диригентот Густаво Гимено, а како резидентен артист со Еременскиот државен оркестар ќе има четири настапи под диригентство на Сергеј Смбатјан. Ќе биде солист со Симфонискиот оркестар во Портланд, оркестрите во Ахен и Штутгарт, како и со Филхармониајта на Јужна Холандија.
Музичкиот магазин „Би-Би-Си“ го прогласува Брокал за откритие на годината во 2018, и тој од тогаш настапува во познати концертни сали низ целиот свет. Има издадено неколку албуми, еден посветен на Шопен и еден на Равел и Момпу, како и трилогија заедно со виолончелистката Ками Тома посветена на Ф. Шопен.Оваа сезона, Брокал го очекува промоција на нов албум со наслов „Тука“ кој содржи негова авторска музика и уште едно издание заедно со Ками Тома со која настапува и на бројни концерти.