Двајца врвни инструменталисти вечерва го затвораат 19. издание на Офф-фест, кој оваа година имаше само три вечери поради светската криза со коронавирусот. Во Филхармонијата од 19 часот ќе настапат Кејхан Калхор и Ердал Ерзинџан, за кои ова е прво гостување во Македонија.
Калхор е 56-годишниот ирански музичар со курдско потекло кој важи за најголемиот светски мајстор на иранско ќемане (персиска виолина), додека Ерзинџан (49) е турскиот виртуоз на баглама (саз). Двајцата соработуваат веќе 15-ина години и заедно имаат објавено два албума, од кои еден снимен во живо.