ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ НОВАТА ПЕСНА „ТВОЈ ЗАСЕКОГАШ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владо Јаневски вчера (5 јануари) ја промовираше новата песна „Твој засекогаш“ на скопското радио „Буба мара“.

Кантавторот прослави 30 години музичка кариера.со пет концерти во Скопје и еден во Охрид одржани во 2023 и 2024. Пред две години, тој од скопски Чаир, што го опеа во песната „Чаирска романтика“, се пресели во Гевгелија. Откако ја продаде куќата во Чаир рече дека веќе не сака ништо да поседува и живее во изнајмен стан во Гевгелија.

„Во Гевгелија ми е мирно и спокојно. Секој ден ми е сличен. Уживам во таквото бавно животно темпо, иако некому може да изгледа досадно. Ама, јас сум среќен. Секој ден ми е како мало чудо, иако ништо чудесно не се случува“, ни рече Јаневски минатата година пред концертот во Охрид.

Фото: К. Попов