ВЛАДО ЈАНЕВСКИ СО ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владо Јаневски ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 27 декември, објави „Авалон“.

При крајот на 2023 и во јануари годинава Јаневски одржа пет концерти во Филхармонијата, со кои прослави 30 години кариера и еден полн концерт во август во Антички театар во Охрид.

Владо Јаневски е првиот македонски претставник на Евровизија, во Бирмингем во 1998, со песната „Не зори зоро“.

Од „Авалон“ го нарекуваат концертот „Чаирчанец во Аеродром“, а билетите се во продажба преку мрежата на ticketx.mk по цена од 700 до 1.500 денари. Јаневски ќе настапи со својот осумчлен бенд.