ВТОР КОНЦЕРТ НА ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ќе одржи втор концерт во Скопје, на 18 март во Филхармонијата, откако се распродаде првиот на 17 март, објави „Авалон продукција“. Концертите се во рамките на славењето на 30 години од основањето на продукцијата.
„Најуспешниот проект во Универзална сала беше токму Данијела Мартиновиќ, која 11 пати ја распродаде во две и пол години“, велат од „Авалон“.
Мартиновиќ стана позната како пејачка на групата „Магазин“, наследувајќи ја Лилјана Николовска. Има снимено осум студиски албуми. Во 1998 го освои петтото место на Евровизија во Англија со песната „Нека не ми осамне“ (Нека ми не сване). Мартиновиќ е авторка и на три книги и една сликовница за деца. Влезниците се продаваат преку мрежата на ticketx.mk.