Музиката на Мали и Бразил ќе биде претставена на втората вечер на 21. издание на Офф-фест.

Од 20:30 часот, во Националната опера и балет ќе настапи Балаке Сисоко, еден од најголемите современи мајстори на традиционалниот западноафрикански инструмент кора. Вклучувајќи ја кората во нови и различни контексти, Сисоко влегуваше во соработки со музичари и групи од цел свет.

Во вториот дел од вечерта е концертот на бразилскиот гитарист Лукас Сантана, кој ги спојува бразилските гитарски традиции од 1950-ите со современи музички влијанија.