ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ МЕСЕЧЕН БИЛЕТ ОД ДЕВЕТ ЕВРА ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Берлин, (Би-Би-Си)

Во следните три месеци, Германците ќе можат да патуваат низ земјата за само девет евра месечно, мерка со која владата се обидува да се справи со растечките трошоци за живот. Целиот локален и регионален превоз со воз, автобус и метро е вклучен во иницијативата, освен меѓуградските возови.

Евтините билети имаат за цел и да ги наканат луѓето помалку да користат автомобил. Во исто време, владата го намали данокот на гориво за околу 30 центи по литар бензин, спуштајќи ги цените под два евра.

Месечниот билет од девет евра е голема можност. Успех е што однапред продадовме седум милиони вакви билети“, изјави министерот за транспорт Фолкер Висинг.

Иако меѓуградските возови не се вклучени во шемата, можно е да се пропатува земјата со регионални возови.

Се проценува дека 30 милиони луѓе ќе го купат билетот во секој од следните три месеци.