Сезоната за Рафаел Надал е практички завршена откако тој повторно го оперираше повредениот колк, поради што нема да игра најмалку пет месеци, изјави неговиот портпарол Бенито Перес-Барбадиљо.
Надал, кој денеска наполни 37 години, е надвор од тениските терени од Отвореното првенство на Австралија во јануари, каде што и се повреди.
„Рафа веднаш почнува со рехабилитацијата и нормалниот процес на заздравување се проценува на пет месеци“, изјави Перес-Барбадиљо.
Надал претходно најави дека следната сезона ќе му биде и последна. Во март, тој испадна од топ-10 на АТП-листата за првпат од 2005 и моментално се наоѓа на 15. место.
(Фото: Гети)