Ерик Клептон изјави дека нема да свири во салите во кои од присутните ќе се бара да приложат доказ за вакцинирање против ковид-19. Ова следува откако британската влада соопшти дека за влез во ноќни клубови и концертни сали ќе се бара ковид пропусница.
„Нема да свирам никаде каде што постои дискриминирање на публиката. Ако не им се дозволи на сите да присуствуваат, го задржувам правото да го откажам концертот“, изјави 76-годишниот Клептон.
Покрај тоа што се противеше на воведување на карантин во Велика Британија, Клептон во мај ги сподели своите лоши искуства од вакцинирањето со „АстраЗенека“, тврдејќи дека имал толку сериозни реакции, што бил загрижен дека веќе нема да може да свири гитара.