НЕПАЛСКИ ШЕРПАС ГО ИСКАЧИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ПО РЕКОРДЕН 26. ПАТ

Катманду, (Ројтерс)

Непалски шерпас го искачи Монт Еверест по 26. пат и го подобри сопствениот рекорд што го постави пред една година. Педесет и двегодишниот Ками Рита Шерпа се искачи по традиционалната југоисточна маршрута, предводејќи група од десетмина локални планинари.

„Ками Рита го собори сопствениот рекорд и постави нов светски рекорд во планинарењето“, изјави Таранат Адикари, генералниот директор на Туристичкиот оддел на Катманду.

Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил тоа речиси секоја година. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал.

Оваа година, Непал издаде 316 дозволи за качување на Монт Еверест на врвот на сезоната, што трае во мај.