НЕЗАВИСНИОТ ТЕАТАР „ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ“ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГОСТУВА ВО „БИТЕФ“ ВО БЕЛГРАД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје на 16 април ќе гостува во театарот „Битеф“ во Белград со претставата „Добри луѓе“, според текстот „Бели дробови“ на Данкан Мекмилан. Режијата и адаптацијата се на Тамара Стојаноска. Во претставата играат Тијана Трајчевска и Филип Христовски, а музиката е на Ива Дамјановски.

Ова гостување е во рамките на манифестацијата „Месец на независна сцена“, која се одржува секоја година во „Битеф“.

Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните двојки во денешно време.

На истиот датум, во продукција на „Златен Елец“, Надица Петрова ќе настапи со нејзиното стендап шоу „Нада, Натчето, Надето и нешто плус“ во Гевгелија на манифестацијата „Град на културата 2025“. Наскоро ќе има премиера и во Скопје, како и во други градови низ државата.

„Ќе ја продолжиме низата гостувања низ државата и пошироко и во наредните месеци. Во следниот период ќе се работат две или три големи театарски продукции, кои моментално се во претпродукциски подготовки“, велат од театарот „Златен Елец“.