НИКОГАШ НЕМА ДА ВОДАМ ДРУГ КЛУБ ВО АНГЛИЈА, КАЖА КЛОП, КОЈ ОБЈАВИ ДЕКА ГО НАПУШТА ЛИВЕРПУЛ

Ливерпул, (Би-Би-Си)

Јирген Клоп изјави дека е убеден дека одлуката за напуштање на Ливерпул е вистинска и не жали за тоа. Тренерот кој ги прероди „црвените“ денеска објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, во која и натаму се борат за четири трофеи.

Сфатив дека моите ресурси не се неограничени. Со сета одговорност што ја имате во оваа работа, мора да бидете на најдоброто ниво. Го правам ова веќе 24 години и секогаш сум давал сѐ од себе. Претпочитам да спакувам сѐ во оваа сезона, а потоа да земам пауза или така нешто. Веќе не сме така млади зајаци и не скокаме високо како некогаш“, кажа Клоп на прес-конференцијата во клубот.

Тој дојде на „Енфилд“ во 2005 и требаше да остане до 2026, но денеска призна дека полека ја губи енергијата. Под негово водство, Ливерпул освои седум трофеи, од кои најмногу ќе се памети првата премиерлигашка титула по 30 години пауза.

Клоп претходно кажа дека уште во ноември го известил клубот за своите намери. Покрај него, заминуваат и неговите помошници.

Ако ме прашате дали некогаш повторно ќе работам како тренер, сега би рекол ‘не‘, но не знам како ќе биде. Она што дефинитивно го знам е дека никогаш нема да водам друг клуб во Англија освен Ливерпул, 100%. Тоа не е можно“, кажа Клоп.

Медиумите веќе почнаа да шпекулираат за можниот наследник на Клоп и прво име кое се спомнува е Чаби Алонсо, кој не само што помина дел од кариерата во Ливерпул, туку е хит на сезоната во Германија со својот Баер.

(Фото: АП)