Со својот стендап „Шоубиз“, српскиот актер Никола Ѓуричко ќе гостува во Куманово и Битола како дел од неговата турнеја низ Србија, Македонија и Босна и Херцеговина. Ѓуричко е во Битола на 14 октомври, а во Куманово следниот ден.
Ѓуричко неодамна кажа дека секое доаѓање во Скопје му е значајно, најмногу затоа што во 1984 пеел на детскиот фестивал „Златно славејче“. На 3 јули тој настапи во „Јавна соба“ со својот бенд „Џони Миднајт трио“, кој е основан во Лос Анџелес, каде што актерот живее со семејството.
Тој гостуваше со „Шоубиз“ и на Охридско лето на 15 јули.