НИКОЛАС КЕЈЏ СЕ РАЗВЕДЕ ПО ЧЕТИРИ ДЕНА БРАК

Лос Анџелес, (Гардијан)

Николас Кејџ побара развод од Ерика Коике, само четири дена откако се венчаа во Лас Вегас.

Кејџ и Коике, која работи како шминкерка, поднесоа барање за склучување брак во саботата, а веќе во средата, 55-годишниот оскаровец побарал негово поништување. Извори за сајтот ТМЗ кажаа дека ги виделе како се караат во хотел само неколку часа по венчавката.

Кејџ и Коике ја криеја врската од јавноста и првпат беа забележани заедно во април 2018 во Порторико. Ова беше четврти брак за Кејџ, по оние со актерката Патриша Аркет, Лиза Мари Присли и со Алис Ким, со која има 13-годишен син. Најкраткиот брак досега му беше оној со ќерката на Елвис Присли, кој траеше 108 дена.