НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МАРТА ЛУИЗ СЕ ОТКАЖА ОД КРАЛСКИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА ЗАРАДИ АЛТЕРНАТИВНАТА МЕДИЦИНА

Осло, (Би-Би-Си)

Норвешката принцеза Марта Луиз се откажа од своите кралски задолженија со цел да се фокусира на бизнисот со алтернативна медицина со својот свршеник, самопрогласениот шаман Дурек Верет. Принцезата ќе ја задржи титулата, но, како што кажа, откажувањето од официјалните должности ќе создаде појасно разграничување помеѓу нејзината приватна и кралска улога.

Нејзиниот свршеник Дурет промовираше неосновани медицински практики и, меѓу другото, сугерираше дека рак е избор. Тој тврди дека имал големо влијание врз актерката Гвинет Полтроу.

И покрај ова, кралот Харалд Петти го опиша Верет како одлично момче, во чие друштво секогаш е забавно.

Тој има одлична смисла за хумор и многу се смееме, дури и во тешки времиња. Мислам дека двајцата стекнавме поголемо разбирање за што е ова и се согласивме да не се согласуваме“, соопшти кралот.

Во одделно соопштение, 51-годишната Марта Луиз кажа дека е свесна за важноста на знаењето засновано на истражување, но верува дека алтернативната медицина може да биде важен додаток и помош на конвенционалните начини на лекување.

Марта Луиз со децении предизвикуваше контроверзи во Норвешка со своите ставови и дури сакаше да отвори училиште што ќе им помогне на луѓето да бидат во контакт со ангели. Таа има три деца од 15-годишниот брак со уметникот Ари Бен, од кого се разведе во 2017, две години пред тој да изврши самоубиство. Со Верет се сврши во јуни годинава.

(Фото: Гети)