Речиси половина од жителите на Швајцарија не сакаат нивната земја да биде домаќин на Евровизија, покажа анкетата на весникот „Блик“. Во анкетата која опфати 25.000 луѓе, дури 49% се изјасниле против одржувањето на Евровизија во Швајцарија, а уште 5% немале мислење.
И покрај тоа, Евровизија ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 благодарение на победата на Немо (фото) на годинашниот избор во Малме.
Не е познато во кој град ќе биде тоа. „Блик“ објави дека засега се пријавиле Цирих, Женева, Берн и Базел.
Ова беше трета победа на Швајцарија на Евровизија, по оние во 1956 и 1988 година. Победата на Немо, кој се изјаснува како небинарна личност, покрена дебата во Швајцарија дали треба да се регистрира трет пол во земјата.
(Фото: Гети)