Комичарот Володимир Зеленски вчера со големо мнозинство беше избран за нов претседател на Украина. Популарниот актер на тој начин го претвори своето сатирично ТВ-шоу во политичка реалност, имајќи предвид дека се прослави со улогата на обичен човек кој преку борбата со корупција доаѓа до претседателската функција.
Зеленски е само последен пример на личности кои од шоу бизнисот дојдоа до највисоката политичка функција во својата земја.
- Со дведецениска кариера во Холивуд зад себе, Роналд Реган беше првата филмска ѕвезда која направи успешен трансфер во политика. Тој прво стана гувернер на Калифорнија во 1966, за во 1981 година да биде избран како 40. претседател на САД.
- Неговиот пример подоцна го следеше Арнолд Шварценегер, но бидејќи не е роден во САД, најмногу што можеше да постигне беше гувернер на Калифорнија.
- Во Филипини, Џозеф Естрада оствари над 100 филмски улоги, пред да влезе во политиката во 1969, станувајќи претседател во 1998.
- Бившиот ТВ-комичар Џими Моралес беше избран за претседател на Гватемала во 2015.
- Салвадор дел Солар беше популарен актер во Перу пред да стане министер за култура. Во март годинава стана нов премиер.
- Музичарот Витаутас Ландсбергис беше избран за прв претседател на независна Литванија во 1990.
- И Хаити од 2011 до 2016 имаше пејач за претседател, Мишел Мартели, популарниот Сладок Мики.