Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на дела од уметницата Александра Гиноска од Прилеп. Таа се претставува со 14 дела, пејзажи работени на платна во акрил. Изложбата е именувана „Интервалите во мене“.
„На претставените слики се забележува дека инспирација е пејзажот, каде што две димензии се постојано во дијалог: времето и просторот. Тука се случува еден момент на интервал, кога имаме реакција, случување. Тоа е презентирано во различен момент и затоа изложбата е така наречена“, кажа Гиноска, која дипломирала на ФЛУ во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација.
Изложбата ја реализираше Народниот музеј од Велес.
П. ПЕЧКОВ