На 12 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, со Парада на нациите беше отворено Светското првенство во хип хоп и уличен танц.

Ревијалниот дел на сите земји учеснички кои се дел од овогодинешното издание на светскиот шампионат чиј домаќин е Македонија, почна со парадата на која се појавија сите учесници.
Пет илјади танчари кои ќе се натпреваруваат во дисциплините хип хоп и уличен танц парадираа пред публиката.

На отворањето зборуваше и организаторот Трајче Петковски, кој е потпретседател за маркетинг и комуникации на Интернационалната танцова Организација, претседател на Македонската танцова федерација и основач на „Брејк а Лег“. Тој ги прогласи сите учесници за победници.
Натпреварот трае до 17 октомври, а учествуваат танчари од 35 држави.