ПО 60 ГОДИНИ КАРИЕРА, ШЕР ГО СНИМИ ПРВИОТ БОЖИЌЕН АЛБУМ И ГО ПОСВЕТИ НА МАЈКА Ѝ

Њујорк, (АП)

По 60 години музичка кариера, нема многу работи кои Шер не ги направила. Една од нив е албум со божиќни песни.

„Едноставно, досега не сакав да го направам. Не знаев како би снимила божиќен албум на Шер“, изјави 77-годишната пејачка и актерка.

Албумот со едноставен наслов „Божиќ“, нејзин прв по пет години пауза, излегува в петок. На некој начин, таа повторно морала да го пронајде својот глас, имајќи предвид дека не пеела откако поради коронавирусот мораше да го откаже настапот во Оклахома Сити на 12 март 2020.

„Ѝ се јавив на мојата учителка по пеење Адриен Ејнџел, која има 96 години и се дружевме и заедно работевме секој ден. Кога фатив микрофон, можев да пеам. Имам многу млади гласни жици“, кажа Шер.

На својот божиќен албум таа има дуети со Стиви Вондер, Синди Лопер, Мајкл Бубле и раперот Тајга и вели дека првпат во кариерата соработува со други пејачи на ваков начин.

„Албумот ‘Божиќ‘ е посветен на мајка ми Џорџија Холт, која почина неколку дена пред празниците лани. Но, овој албум не го сметам за терапија или начин да се сеќавам на неа. Јас мислам на неа цело време“, кажа Шер.

(Фото: АП)