Со настапот на стендап комичарот Бојан Велевски, синоќа во Младинскиот парк во Велес започна „Велешко лето“. Веднаш по него настап имаше диџеј Попај. Во паркот ќе се одржи поголемиот дел од програмата.
„Започнаваме вчеравечер и ви најавуваме два месеца исполнети со музика, спорт, уметност и литература со многу забава и дружење“, кажаа од Општина Велес.
Програмата ќе се објавува секој понеделник на официјалните профили на Општина Велес. До крајот на неделата ќе се следат и мечевите од Европското првенство во Германија преку преноси на видеобим. Финалето е в недела (14 јули).
На 12 јули од 20 часот е изведбата на детската претстава „Здраво детство“ на театарската група „Патувалка“..
П. ПЕЧКОВ