По 14. пат денеска во Скопје се одржа детската Бадникова поворка, како предвесник на утрешниот христијански празник Божик.
Годинава слоганот е „Почувствувај радост“, а децата за време на поворката ја пеат божиќната песна „Вечниот Бог“.
Освен во Скопје, поворките се одржуваат и во 75 градови и села низ земјава, како и во 5 во дијаспората.
Фото: К. Попов