Пол Макартни има легендарни хитови, награди, дури и титула сер, а сега поранешниот член на „Битлс“ ќе добие и свои поштенски марки.
Британската кралска пошта објави дека ќе издаде серија од 12 марки за Макартни и неговото творештво и на тој начин „ќе му оддаде признание на еден од најлегендарните музички уметници на сите времиња и една од најсаканите музички икони во Велика Британија“.
На осум марки се прикажани омотите на негови албуми, од деби албумот од 1970 „Макартни“ до ланскиот „Макартни 3“. На останатите четири се фотографии од 18-кратниот добитник на Греми награда.
Целата серија ќе чини 16,20 фунти или 22,54 долари.