ПОЛ МАКАРТНИ ЌЕ ИЗДАДЕ КНИГА СО НЕОБЈАВЕНА ПЕСНА НА „БИТЛС“

Лондон, (Гардијан)

Пол Макартни ќе открие непознати стихови на „Битлс“ во нова книга. Поранешниот член на легендарната група најави дека книгата ќе има 154 песни, од целата негова кариера.

„Луѓето ме прашуваат кога ќе објавам биографија, но јас знам само да пишувам песни“, изјави тој.

Најавена како „Автопортрет во 154 песни“, „Стихови“ ја содржи и песната која не била снимена, „Tell Me Who He Is“. Овие рачно напишани стихови беа откриени во белешките на Макартни, кои датираат од раните 1960-те, додека ја подготвувал книгата.

„Книгата ќе биде објавена на 2 ноември и исто така ќе содржи и ‘други богатства’ од архивата на Макартни, од стихови, до необјавени фотографии и цртежи. Секоја песна ќе има коментар од Макартни за нејзиното создавање“, изјави издавачот Алан Лејн. За дел од песните соработувал со поетот Пол Малдон, добитник на Пулицерова награда.