Пол Макартни објави дека пишува сликовница „Еј, Грендјуд“, која ќе излезе за една година. Легендата на „Битлс’ рече дека неговата книга за еден магичен дедо е посвета на сите дедовци на светот.
Макартни, кој има осум внуци, оди по стапките на Боб Дилан, Ринго Стар, Кит Ричардс и Мадона, кои, исто така, објавија книги за деца.
Книгата е за повозрасен, магичен џентлмен, кој се вика Грендјуд и за неговите авантури со четирите внучиња.
„Тој ги вика внуците ‘чилерс’. Тие го обожаваат дедото и тргнуваат на авантури со него и сето тоа е магично, ќе видите во книгата. Сакав да напишам нешто за сите дедовци низ светот, така што ќе можат на внуците да им читаат приказни пред спиење“, рече сер Макартни.