ПОЛСКА ИМ ДОЗВОЛИ НА НАВИВАЧИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА СТАДИОНИТЕ

Варшава, (Би-Би-Си)

Полска е една од првите европски земји која им дозволи на фудбалските фанови да гледаат натпревари на стадион. Сепак, групно навивање нема да биде можно.

Почнувајќи од денеска, трибините ќе можат да бидат 25% полни, при што секое четврто седиште ќе биде зафатено, освен ако не станува збор за лица од исто домаќинство. Гледачите ќе мора да носат маска кога се движат преку трибините и на располагање ќе имаат дезинфициенси за раце.

На мечевите ќе можат да присуствуваат само домашни навивачи, а билетите ќе се купуваат преку интернет.

Во Полска досега има над 31.000 заразени и 1.334 починати од КОВИД-19, но епидемиолозите сметаат дека играњето фудбал пред навивачи е непотребен ризик.