ПОМАГАМ, НО МОЈАТА ДЕВОЈКА ГИ ПРАВИ СИТЕ ТЕШКИ РАБОТИ, ВЕЛИ ДЕ НИРО ЗА ТОА КАКО Е ДА СЕ ИМА БЕБЕ НА 80 ГОДИНИ

Њујорк, (Гардијан)

Роберт де Ниро призна дека неговата девојка Тифани Чен извршува најголем дел од „тешките работи“ во одгледувањето на нивната шестмесечна ќеркичка Џија. Во интервју за „Гардијан“, легендарниот актер искрено зборуваше за тоа како е да се има бебе на 80 години, кое е негово седмо дете.

Запрашан дали татковството станува полесно откако долго ќе се биде родител, Де Ниро призна дека не е така.

„Не станува полесно. Така е како што е. Признавам дека не ги правам тешките работи. Присутен сум, ја поддржувам мојата девојка, но таа ја врши најголемата работа. И имаме помош, што е многу важно“, кажа Де Ниро.

Тој има уште шест деца од други врски, од кои највозрасното сега има 52 години. Од првиот брак со Дајен Абот има две деца, во 1995 доби близнаци со тогашната девојка Туки Смит, а потоа уште две деца со бившата сопруга Грејс Хајтауер.

„Со бебе е поинаку отколку со мојата 11-годишна ќерка, моите возрасни деца, моите внуци. Со сите е различно“, вели Де Ниро.

(Фото: Гети)