ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „80 ГОДИНИ НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА“ НА 29 МАРТ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

В сабота (29 март) од 12 часот, во Битолскиот театар ќе се одржи промоција на монографијата „80 години Народен театар Битола“.

Монографијата ги сублимира целиот развој и успесите на битолскиот театарски ансамбл. На промоцијата ќе говори авторот Иван Додовски, а промотори ќе бидат Мишел Павловски и Даниела Андоновска-Трајковска.

„Историјата на Народниот театар во Битола на 310 страници. Како што сме гигант меѓу театарите, први во државата успеавме да изработиме монографија која е негатив, црно-бела. За првпат се печати ваква монографија во државата и вложен е голем труд. Ова многу ни значи како колектив“, рече директорот Васко Мавровски.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Фото: Од премиерата на роденденската претстава „Ѓоре Магаревски“ во ноември 2024