ПРОМОЦИЈА НА ПОЕТСКА КНИГА ОД ЈОВИЦА ИВАНОВСКИ НА 24 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В среда (24 април) од 20 часот, во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски. Промотор ќе биде Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.

Јовица Ивановски е роден во Скопје во 1961. Автор е на 18 книги поезија, застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ во 2019.

Фото: И. Кузмановска