Вечерва во 20 часот, во галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори првата самостојна изложба на 24-годишниот визуелен уметник Душан Стефановски, насловена „Потиснат потенцијал“. Ова е и прва изложба во МКЦ откако беа укинати коронамерките.
„Мерките на претпазливост се строго почитувани. Претпазливо се враќаме во нормала“, велат од МКЦ.
Стефановски годинава дипломираше на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика. Тој е дел од скопската графити сцена од 2011.
„Делата на Стефановски се апстрактна лична експресија, создадени со материјали што типично се користат за графити уметност. Неговите колоритни дела додаваат малку повеќе боја во нашиот град“, стои во најавата.