РАДИОВОДИТЕЛКАТА И ПЕЈАЧКА МОЛИ КИНГ ВОЗЕШЕ ВЕЛОСИПЕД 500 КИЛОМЕТРИ И СОБРА ДОНАЦИИ ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Лондон, (Би-Би-Си)

Водителката на „Би-Би-Си Радио 1“, Моли Кинг, собра 1,5 милиони евра за добротворна организација со предизвикот за возење велосипед. Пејачката на женската поп-група „Сатердејс“ патуваше 500 километри со велосипед од Лондон до Хал, каде што ја мина целта на 15 март.

„Ова беше неверојатно тешка недела, но едно од најневеројатните искуства во мојот живот“, изјави Кинг.

Кинг, која никогаш не возела велосипед на долги патеки пред да го прифати предизвикот, на стартната линија беше пречекана од свршеникот Стјуарт Брод и нивната едногодишна ќерка Арабела.

Таа се борела со ветер и дожд на патеката, која минуваше низ Манчестер и Лидс. Слушателите ја пофалија Моли што отворено зборуваше за нејзините маки за време на предизвикот и дека ѝ било тешко да се врати на велосипед по некои особено тешки денови.

Колеги од радиото ѝ се придружија во некои делови од патувањето.
На петтиот ден, толпата ја пречека Кинг на целта на плоштадот Викторија во Хал, родниот град на татко ѝ, кој почина од тумор на мозокот минатата година.