Поп ѕвездата Ријана поднесе тужба против татко ѝ во суд во САД, обвинувајќи го дека го злоупотребува нејзиното име за да го развива сопствениот бизнис во светот на забавата. Ријана тврди дека Роналд Фенти и неговиот бизнис партнер лажно изјавуваат дека таа е поврзана со нивната фирма „Фенти ентертејнмент“.
Таткото на Ријана, со кој, како што вели, има комплициран однос, ја основал фирмата во 2017 во Калифорнија со Мозес Перкинс. Нивното однесување ја заведувало јавноста и наштетувало на нејзиниот бренд за убавина „Фенти“, стои во тужбата.
Ријана побара од судот да ја спречи фирмата да го користи името „Фенти“ за бизнис. Во тужбата исто така стои дека Ријана ги поседува правата за името „Фенти“ во САД и дека испратила формални барања за „престанок и одрекување“.