РИО ФЕРДИНАНД ВО СОЛЗИ ОТКАКО ПОВТОРНО СЕ ОЖЕНИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ПРВАТА СОПРУГА

Лондон, (Дејли мејл)

Англиската фудбалска легенда Рио Фердинанд призна дека многу плачел на својата свадба, откако повторно се ожени четири години по прераната смрт на првата сопруга.

Фердинанд (40) и 12 години помладата Кејт Рајт се венчаа викендов во луксузен хотел со пет ѕвезди во Мармарис, Турција и во интервјуто за магазинот „ОК!“ тој кажа дека се расплакал кога ги видел своите деца како ја водат неговата идна сопруга.

Фердинанд и Кејт Рајт се венчаа во Турција (Фото: ОК!)

„Емоциите не попуштаа. Плачев уште кога почна денот, а кога ја видов Тија во улога на деверица, тоа беше преемотивно за мене. Беше многу потресно кога ги гледав децата како ја водат Кејт, но не ни сакавме тоа поинаку да биде изведено. Сите беа многу горди на тој момент“, изјави Фердинанд.

Околу 180 гости биле поканети на свадбената церемонија, која траеше три дена. Фердинанд и Рајт се свршија во ноември кога биле на семејно патување во Абу Даби, заедно со неговите деца Лоренц, Тејт и Тија. Тие се запознаа во 2016, една година откако Фердинанд ја изгуби првата сопруга Ребека Елисон, која почина од рак на дојка на 34-годишна возраст.