СЕ РАЗВЕДУВА НАЈВОЗРАСНИОТ СИН НА ДОНАЛД ТРАМП

Њујорк, (Гардијан)

Ванеса Трамп поднела документи за развод од Доналд Трамп Џуниор, највозрасниот син на американскиот претседател, објави весникот „Њујорк пост“.

Таа повела постапка, не очекувајќи правна битка за старателство над петте деца и за нивниот имот.

Весникот објави дека 40-годишниот Трамп и Ванеса, кои беа во брак 13 години, веќе некое време не живееле заедно.

Во заедничка изјава, тие соопштија дека решиле секој да тргне по свој пат, додавајќи дека секогаш ќе имаат огромна почит еден кон друг и кон своите семејства.

Тој и неговиот брат Ерик во јануари минатата година заеднички го презедоа раководењето со организацијата „Трамп“, бизнис империјата на нивниот татко Доналд, откако тој влезе во Белата куќа. Доналд Џуниор, исто така, остана вклучен во политиката.