СЕ СРАМЕВ КОГА ГЛУМЕВ СТРИПТИЗЕТА, РЕЧЕ ДЕМИ МУР ЗА ФИЛМОТ ЗА КОЈ ЗАРАБОТИ 12,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

САД, (Фокс њуз)

Деми Мур вели дека се срамела од улогата на стриптизета во филмот „Стриптиз“ од 1996. Шеесет и двегодишната актерка призна дека се чувствувала засрамено откако се соблече во филмот за кој заработи милиони кога беше на врвот на славата.

„Оваа улога од многу аспекти беше срамна“, изјави Мур.

Во тоа време, таа беше најплатената актерка во Холивуд, а за контроверзниот филм заработи 12,5 милиони долари. Речиси три децении по овој филм, Мур направи голем камбек во Холивуд со хоророт „Супстанција“, што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар.

Таа доби три деца во бракот со Брус Вилис, од кого се разведе во 2000. Во март 2022 беше објавено дека Вилис ја завршува својата актерска кариера поради фронтотемпорална деменција. Мур остана пријателка со Вилис по разводот и редовно го посетува.

(Фото: Гети)