Секирата која Џек Николсон ја користеше во култниот хорор на Стенли Кјубрик, „Сјаење“, се продаде за 170.000 фунти на аукција во Лондон.
Таа за четири пати ја надмина првата продажна цена на аукцијата на предмети од забавниот живот, која се одржа во Ватерло.
Освен неколкуте гребнатинки кои потекнуваат од снимањето на славната сцена со кршење на вратата, секирата е во одлична состојба.
На аукцијата која траеше два дена се продадоа околу 900 предмети, меѓу кои и костумот на римски генерал што Расел Кроу го носеше во „Гладијатор“ и шлем од „Војна на ѕвездите“ од 1977 година.