СЕЛИН ДИОН ГОВОРИ ЗА БОРБАТА СО РЕТКАТА БОЛЕСТ ВО ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ЈАС СУМ“

Њујорк, (Вог)

Поп-ѕвездата Селин Дион се отвори за нејзините здравствени проблеми откако во 2022 ѝ беше дијагностициранo ретко невролошко нарушување наречeно синдром на вкочанетост (stiff-person syndrome).

Новиот документарен филм за 56-годишната пејачка Јас сум: Селин Дион“ содржи снимки од зад сцената во нејзиниот најдобар период, како и нови интервјуа, во кои петкратната добитничка на Греми говори за нејзиното нарушување. Документарецот ќе излезе на 25 јуни на „Прајм видео“.

„Досега не бев подготвена да кажам ништо, но сега сум спремна“, вели таа.

Во трејлерот може да се види како канадската пејачка се справува со суровата реалност на животот надвор од сцената.

„Работам напорно секој ден, но мора да признам, тоа е борба. Многу ми недостигаат луѓето“, вели таа во документарецот во режија на Ајрин Тејлор и додава:

„Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. И нема да престанам. Не е тешко да се прави шоу, тешко е да се откаже шоу“.