ШТИПСКАТА ПАСТРМАЈЛИЈАДА НА 20 И 21 СЕПТЕМВРИ СО МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАРИ И ПОСКАПА ПАСТРМАЈЛИЈА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

На 21 и на 22 септември во Штип по 16 пат ќе се одржи традиционалната Штипска пастрмајлијада, овојпат на нова локација.

Пастрмајлијадата на која ќе настапат претежно домашни музичари ќе се одржи на улицата „Ванчо Прќе“ во центарот на Штип која се адаптира во шеталиште. На истото место се одржа и првата Пастрмалијада пред 16 години.

Трета година по ред водител ќе биде штипјанецот Миро Кацаров кој рече дека годинава настанот ќе има и дневна програма. Првиот ден ќе настапат Антониа Гиговска, Дани Димитровска, и „Фис бенд“ , а вторит ден „Дупер“, Жаре Бербер, Јордан Митев, „Лексингтон бенд“ од Белград и хрватскиот пејач Петар Грашо.

Координаторот на организацијата, Александар Арсов рече дека на почетокот на сетпември ќе имаат заеднчки состанок со угостителите и ќе ја утврдат големината и цената на пастрмалијадата, но кажа дека ќе биде малку повисока за разлика од лани.

Т. ЈОВАНОВСКИ

 

Ланската џиновска пастрмалија је пресекоа Мартин и Стефан Филиповски од групата „Некст тајм“ со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов  (Фото:СДК.МК)