Скопје денеска му оддаваше почит на Аки Рахимовски. На плоштад Македонија се слушаа песни од „Парни ваљак“, додека граѓаните, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, се запишуваа во книгата на жалост и палеа свеќи. Настанот го организираше радио „Бубамара“.
Рахимовски е роден во 1955 во Ниш, пораснал во Скопје, а во почетокот на 1970-ите се преселил во Загреб. Беше еден од основачите на групата „Парни ваљак“ во 1975, со која сними 17 студиски албуми.
Тој ќе биде погребан утре во Загреб.
Фото: К. ПОПОВ