СНУП ДОГ ВРАБОТУВА ПРОФЕСИОНАЛЕН ВИТКАЧ НА ЏОИНТИ

Лос Анџелес, (НМЕ)
HOLLYWOOD, CA - FEBRUARY 24: Rapper Snoop Dogg attends the ALL Def Movie Awards at Lure Nightclub on February 24, 2016 in Hollywood, California. (Photo by Alberto E. Rodriguez/Getty Images)

Снуп Дог наполни 48 години и за роденден доби букет, но не со цвеќе, туку со исто толку завиткани џоинти, специјално аранжиран од цветната дизајнерка Лесли Кеј Минрој.

Американскиот рапер е еден од најголемите адвокати и љубители на марихуаната меѓу славните личности и неодамна објави јавен повик за ангажирање на „професионален виткач на џоинти“.

Гостувајќи во шоуто на Хауард Стерн, Снуп откри дека станува збор за постојано работно место со годишна плата меѓу 40.000 и 50.000 долари.

„Ако сте навистина добри во тоа што мене ми треба, ја имате работата“, вели Снуп.

Тој додаде дека ангажираниот работник ќе може да пуши марихуана колку сака и ќе треба секаде да патува со него.